» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
До 1-ви јуни, од „Ленинова“ до „Рузвелтова“, "Илинденска" затворена за сообраќај
Од денеска до 1-ви јуни годинава улицата „Илинденска“ ќе биде целосно затворена за сообраќај на потегот од крстосницата со улицата „Ленинова“ до потегот со улицата „Рузвелтова“ и сите други крстосници на овој потег, крстосницата со „Наум Наумовски Борче“ кај фонтаната и влезот во Собранието на Град Скопје.
Сообраќајот ќе биде пренасочен по преостанатата улична мрежа, првенствено по улицита „Орце Николов“ и булеварот „Партизански одреди“.
Како што соопшти Град Скопје, затворањето се врши поради безбедноста на учесниците во сообраќајот, бидејќи технологијата на изградба ќе вклучува користење голема градежна механизација. Покрај тоа, градежниот зафат ќе се одвива на повеќеслојна површина и при трасирањето на новата сообраќајница ќе се изведуваат работи на поголеме длабочина и ќе претставуваат голем ризик за моторните возила.
Градот апелира граѓаните да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и во наведениот временски период да ги користат за сообраќај алтернативните улици.
Град Скопје на улицата „Илиденска“ почна да го реализира проектот за проширување во булевар со четири коловозни ленти, нови пешачко-велосипедски патеки, средишно зеленило од „Рузвелтова“ до „8 Септември“, нови семафори на крстосниците и ново улично осветлување. Вкупната вредност на инвестицијата е 122 милона денари и целосно се финасира од Буџетот на Град Скопје.


