Фирми од Бугарија и Кина доставија понуди на тендерот за набавка на 202 двокатни автобуси

15:30 | 15.02.2010 | Автор: МИА
Скопје, 15 февруари - Бугарската King Long и кинеската Zhengzhou Yutong Group доставија понуди на тендерот за набавка на 202 двокатни автобуси од кои 200 од затворен тип и два од отворен тип, наменети за градски сообраќај.

Министерството за транспорт и врски соопшти дека понудите денеска се отворени и оти во следниот период Комисијата за спроведување на јавната набавка ќе изврши преглед на комплетноста и валидноста на доставената документација, како и евалуација на пристигнатите понуди, по што ќе биде одбран најповолниот понудувач.