» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Изгорен женски труп во Градскиот парк во Скопје
12:45 | 01.03.2010 | Автор: МИА
Женско тело е забележано како гори синоќа околу 22 часот и 30 минути во Градскиот парк во Скопје од двајца минувачи кои случајот го пријавиле во полиција.
Според полициски информации, покрај опожареното тело кое е изгорено до непрепознатливост, пронајден е женски паричник со документи на 57 годишна Т.Г. од Скопје.
Телото на жената е дадено на обдукција каде со ДНК анализа треба да се потврди идентитетот.
Од страна на Истражен судија и Јавен обвинител извршен е увид на местото и се работи на расветлување на случајот.


