» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Општина Центар затвора градилишта
Овластени градежни инспектори од општина Центар вчера и денеска спроведуваат акција за затворање неколку градилишта на територијата на оваа локална самоуправа кои не се во согласност со Законот за градење и не ги почитуваат утврдените услови во издадените одобренија за градење.
Како што соопшти општина Центар, ако не се постапи во согласност со законот и ако во дадениот рок од 10 дена не се испочитуваат законските прописи следуваат санкции, меѓу кои и одземање на одобрението за градба.
Во рамки на акцијата ќе се спречува неовластеното прекопување на улиците и тротоарите од страна на инвеститорите на објекти, а ќе се санираат и веќе направените прекопи.
Акцијата продолжува и наредните денови и има за цел зголемување на безбедноста на граѓаните кои се во близина на необезбедените градилишта и подобрување на нивото на хигиена во околината на градилиштата.


