» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Ослободителна пресуда за организаторите на протестот на плоштадот „Македонија“
Апелациониот суд во Скопје донесе ослободителна пресуда за Александар Ивановски, Никола Наумовски и Билјана Димитрова, организатори на протестот против изградба на црква на плоштадот „Македонија“, одржан на 28 март, минатата година, објави денеска Институтот за човекови права.
За овој предмет, во рамките на проектот „Слобода наместо страв: Заштита на правото на мирно собирање и изразување јавен протест“, Институтот за човекови права обезбеди правна помош за обвинетите организатори.
Иако задоволни од ослободителната пресуда, за Институтот тоа не значи и владеење на демократијата во земјава. Според Маргарита Цаца - Николовска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права, правотото на слобода на изразување не може да биде рестриктирано со поднесување кривична пријава на лицата кои го организираат протестот.
- Ова треба да биде понатамошен показател за тоа како во суштина не треба да се ограничуваат правата кои се врзани за фундаменталната демократија, а тоа е собирањето и изразувањето на мислењето, она што согласно националните и меѓународните принципи и документи е присутно во секоја демократија или ако сакате со нашиот устав и со нашите закони и со конвенцијата за човекови права е загарантирано, изјави Николовска.
Никола Наумоски, еден од обвинетите, на денешната прес-конференција истакна дека правата на слободно изразување не е воопшто заштитено, затоа што како што вели тој во случајот се работело за организиран, а не спонтан собир на контра-протестанти кои нападнаа други протестанти заради извесни несогласувања.
Според него, Министерството за внатрешни работи исто така требало да поднесе пријава и против организаторите и учесниците на собирот на контра-проестантите.


