» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Скопје - стратегија за промоција на туризмот
Град Скопје преку финансиско учество во голем број проекти, организирани автобуски туристички тури, туристичка промоција на Скопје преку разновиден пропаганден материјал, преку зачленување во Европската маркетинг асоцијација на европски туристички градови и преку учество и презентација на туристички саеми, берзи и други туристички манифестации ќе ги презентира и подобрува туристичките капацитети на Скопје.
Овие мерки и активности се дел од Програмата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите во Град Скопје за 2010 година, која е усвоена од Советот на вчерашната седница. За реализација на програмата, од буџетот на Градот се одвоени 14.770.000 денари, соопшти Град Скопје.
За изработка на општ туристички пропаганден материјал се предвидени 3,5 милиони денари, а за организација на автобуски тури низ градот се предвидени 360.000 денари. За подобрување на условите за престој на туристите се предвидени 2.650.000 денари, од кои за обновување на постојната и поставување нова туристичка сигнализација, знаци, патокази и информативни табли се предвидени 1,3 милиони денари.
Според Програмата, средства се предвидени и за разни активности за привлекување туристи за манифестациите што се во организација на Град Скопје, како „Баскерфест“ и „Денови на Крале Марко“. Финансирањето на Програмаta ќе се остварува од таксата за привремен престој на туристите наплатена на подрачјето на Скопје, при што се очекува во градот во 2010 година да се остварат околу 200.000 ноќевања, стои во соопштението.


