» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Скопје - во недела садници во Градскиот парк
По повод традиционалната манифестација „Денови на пролетта-денови на екологијата“, Град Скопје в недела организира голема акција за чистење и засадување садници во Градскиот парк.
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски в недела, во 11 часот, во вториот дел на Градскот парк, во близина на Луна паркот ќе им додели по 10 садници на месните заедници, како дел од традиционалната акција на Град Скопје за доделување 4.000 садници. На истата локација Трајановски ќе засади дрвце.
Во рамки на акцијата се планира и засадување на 200 садници во вториот дел на Градскиот парк и целосно чистење на ролерско-велосипедската и пешачка патека покрај кејот на Вардар, од хотелот „Александар Палас“ до зградата на Владата.
Во акцијата, покрај екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“ се очекува активно да се вклучат и скопските градоначалници, Советот на Град Скопје и претставници на невладини организации.


