» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Сообраќаен режим за велигденските празници во Скопје
11:00 | 01.04.2010 | Автор: МИА
По повод велигденските празници на 3 спроти 4 април (сабота спроти недела) од 18:00 до 06:00 часот наутро ќе биде забрането одвивањето на сообраќајот на дел од булеварот „Партизански одреди“ од крстосницата со улицата „Френклин Рузвелт“ до крстосницата со улицата „Васил Главинов“, како и дел од булеварот „Св. Климент Охридски“ од крстосницата со улицата „Орце Николов“ до крстосницата со улицата „Димитрие Чуповски“.
Како што соопшти прес службата на Град Скопје, автобусите на јавниот градски сообраќај, што се движат по булеварот „Партизански одреди“ во насока кон Карпош, ќе бидат пренасочени и ќе се движат по следните сообраќајници: ул. „Васил Главинов“; ул. „Димитрие Чуповски“; ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“; ул. „Френклин Рузвелт“.
Автобусите на јавниот градски сообраќај, што се движат по булеварот „Партизански одреди“ во насоката од Карпош, ќе бидат пренасочени и ќе се движат по сообраќајници: ул. „Френклин Рузвелт“; ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“; ул. „Димитрие Чуповски“; ул. „11 Октомври“; ул. „Васил Аџиларски“.
Од Градот Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот сообраќаен режим за време на велигденските празници.