Во интернет кафе убиено 22-годишно момче

14:15 | 28.04.2010 | Автор: МИА

/ Во интернет кафето „Пижо“ на улица „Ордан Чопела“ број 33, 42-годишен скопјанец во три часот по полноќ со нож извршил убиство на 22- годишниот Фатмир Мемети од Скопје.
Според првичните информации пред убиството имало расправија меѓу осомничениот и жртвата која почнала околу мобилен телефон.Портпаролот на МВР Иво Котевски информира дека веднаш по убиството осомничениот избегал, но набргу по пријавувањето на случајот Алфите го пронашле и го привеле.На местото на убиството е пронајден ножот кој е предаден на вештачење.
По целосно комплетирање на случајот против осомничениот скопјанец ќе биде поднесена кривична пријава и ќе биде изведен пред надлежен истражен судија.

commercial