» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Порнокралица го „запука“ шампионот на УФЦ
Џина Џејмисон се испокара со борецот кој двапати го нокаутира нејзиниот сопруг
Пресметка што ретко се гледа се случи на социјалната мрежа „Твитер“, каде што порнокралицата Џина Џејмисон го нападна поранешниот УФЦ шампион, Чак Лидел, а овој и возврати, велејќи и дека нејзиниот сопруг е п..ка, која патем двапати ја нокаутирал.
Џејмисон се врати во акција, но овојпат не на креветот, туку на интернет. Поранешната порнокралица, сега му е верна сопруга на УФЦ борецот Тито Ортиз, кој во скорашното реално шоу на шампионатот во ултимејт фајт ќе му се спротивстави токму на Лидел.
Во реалното шоу „Ултимејт фајтер“, борците и нивните тимови ќе живеат и ќе тренираат во заедничка куќа во Лас Вегас, а се ќе се заврши со спектакуларна борба и милионска заработувачка за победникот. Со оглед на големата парична награда, а и со ветувањето на нови повеќецифрени договори со УФЦ, противничките тимови веќе со недели се предизвикуваат, разменувајќи си закани и навреди на сите можни начини. Целото шоу стана уште поинтересно кога се вмеша цицлестата блондинка, која го нападна Лидел, но и Дана Вајт, претседателот на УФЦ, кој е и прв човек на операцијата „Ултимејт фајтер“.
- Комично е, а воедно и срамота Дана Вајт да го брани Чак Лидел како да се момче и девојка - изјави Џејмисон.
Лидел, кој двапати го има нокаутирано сопругот на Џејмисон, не ги поднесе добро отровните стрели упатени кон него, изјавувајќи: Џена може да зборува с..ња, но нејзиниот Тито и понатаму е п..ка, која патем двапати ја имам нокаутирано.
Вербалната пресметка завршила за Џејмисон, која им порачала на сите фанови на Лидел дека е срамота како Вајт го фаворизира токму него, додавајќи дека двајцата имаат нешто заедничко - пивски стомак.


