Саркози и Бруни имаат љубовници

21:00 | 10.03.2010 | Автор: Соња Танеска Игнатоска
Првиот човек и првата дама на Франција, Никола Саркози и Карла Бруни-Саркози, се изневеруваат, пренесува британскиот весник „Дејли мејл“.
Претседателот на Франција одби да ги прокоментира написите со кои се занимаваат Франција и Британија во последните денови, за тоа дали е точно дека тој и неговата поубава половина имаат љубовни афери.
Тврдењата дека познатата двојка е всушност двојка на љубовници прво беа објавени на насловната страница на престижниот „Journal du dimanche“.
Во текстот стои дека Бруни го изневерува првиот човек на Франција со музичар, а Никола Саркози ја изневерува сопругата со карате шампионка.
Карате шампионката, всушност, е министерката за екологија, Шантал Жуано (40), додека „музичарот“ е Бенџамин Биол (37), победник на неодамна одржаното музичко натпреварување „Victoars de la Musique“.
Францускиот жолт печат тврди дека ова е „приказна на годината“, како и тоа дека Карла „прва почнала“.
Портпаролот на Никола Саркози одби да ги коментира овие тврдења на одредени медиуми.