» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Атина - Зголемен оптимизaм за решение за името
14:30 | 28.06.2010 | Автор: МИА
Последните изјави на македонскиот премиер Никола Груевски не прават поголеми оптимисти дека е можно решение за спорот со името, вели алтернативниот шеф на грчката дипломатија Димитрис Друцас во интервју за весникот „Та Неа“.- Се надевам дека раководството на соседната земја ја избра европската перспектива наместо краткорочни политички поени околу прашањето за името. Последните изјави на господинот Груевски, ако се искрени, не прават поголеми оптимисти. Нашата политика во последните месеци за подобрување на климата во билатералните односи беше јасно изразена. Останува да се види одговорот на другата страна, изјави Друцас.Повторува дека според Атина решението е во име со географска одредница за севкупна употреба. Прашан дали за Грција е прифатливо името „Република Вардарска Македонија“, Друцас вели дека коментирањето на предлог-имиња не е во грчки интерес, но оти се подготвени да го разгледаат секој сериозен предлог што ќе ги исполнува условите што ги поставиле.Друцас негира дека се води тајна дипломатија во врска со прашањето за името и тврди оти Владата целосно и континуирано ги информира релевантните политички фактори во Грција.


