Бугарија - процес за импичмент на Прванов

11:45 | 10.03.2010 | Автор: МИА
Бугарската владејачката партија ГЕРБ објави дека ќе поднесе барање до парламентот за отпочнување процес за отстранување на претседателот Георги Прванов.
Барањето следи по таканаречениот „скандал со транскрипти“- односно објавувањето на разговорот меѓу претседателот и министерот за финансии Симеон Дјанков, што за ГЕРБ претставува кршење на уставот. Владата смета дека се објавувањето на разговорот е прекршен законот според кој е забрането снимање на луѓето без нивна дозвола.
Импичментот веројатно тешко ќе мине во парламентот бидејќи владејачката гарнитура има 154 од потребните 160 пратеници, да се разреши претседателот.
Прессекретаријатот на Прванов ги објави стенограмите од разговорот со Симеон Дјанков неколку часа по завршувањето на средбата. Меѓу двајцата изби спор откако Дјанков на телевизија на прашањето дали претседателот е млад милијардер, одговори: не е млад.
Претходно новинарот бараше коментар од Дјанков за наводите дека претседателот е милијардер, кој поседува луксузни имоти во Европа, САД и Дубаи.