Демократска левица - нова политичка партија во Грција

10:15 | 28.06.2010 | Автор: МИА
Демократска левица е името на новата партија во Грција формирана од реформски претставници кои ги напуштиле Синаспизмос. Одлуката за нова политичка сила била донесена вчера од 520 претставници на конференција.На неодамнешниот конгрес на коалицијата на реформаторското крило од Синаспизмос се отцепи од СИРИЗА (Коалиција на радикалната левица) и објави дека ќе формира своја партија. Новата партија има амбиции да одговори на барањата на грчкото општество за радикално претструктуирање на политичката сцена и за редефинирање на соодносот на силите, се вели во декларација на Демократската левица.Нејзиниот лидер Фотис Јувелис остро ги критикуваше двете најголеми партии ПАСОК и Нова демократија, и се дистанцираше од Комунистичката парија и коалицијата СИРИЗА. Партијата че се стреми да покаже дека левица и еколози може да изградат нова визија за светот и современите општества, се додава во декларацијата.