Евакуирани 130.000 луѓе поради поплави во Кина

10:00 | 23.08.2010 | Автор: Шпиц

/ Над 130.000 луѓе се евакуирани поради поплавите во североисточната кинеска провинцијаЛиаонинг, а поради обилните дождови над 5.000 луѓе се евакуирани и во Северна Кореја.
Дождовите предизвикаа излевање на реката Јалу, која се наоѓа на границата меѓу Кина и Северна Кореја. Кинескиот метеоролошки центар предупреедува дека денеска ќе продолжат врнежите од дожд, придружени со невреме и силни ветрови, што дополнително би можело да ја влоши ситуацијата. Кинеските власти соопштија дека од Лиаонинг изминатите неколку дена веќе беа евакуирани 127.000 луѓе. Поради невремето, во прекин е железничкиот и патниот сообраќај меѓу Кина и С. Кореја, а на места нема ниту струја.



commercial