Италијанците, Грците и Бугарите најмрзеливи нации

09:45 | 28.06.2010 | Автор: МИА
Италијанците се најмрзеливата нација во Европа, а во Грците и Бугарите тие имаат достојни наследници, соопштуваат италијанските медиуми, повикувајќи се на резултатите од истражувањето на Евробарометар, извршено меѓу 26.000 лица од 27 европски земји.Италијанците, Бугарите и Грците најмалку време одделуваат за спорт или друга физичка активност. Само три проценти од жителите на овие јужни членки на ЕУ признаваат дека редовно спортуваат.На другата страна од истражувањето се најдоа жителите на неколку северни европски земји кои слободно можат да се вбројат во категоријата спортски нации. Седумдесет и два проценти од Финците и Швеѓаните редовно или речиси редовно се занимаваат со спорт. Следат Данците со 64 проценти, Ирците со 58 проценти, Холанѓаните со 56 проценти и Словенците со 51 проценти.