» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Клинтон собира гласови против Србија
Србите тврдат дека до сега обезбедиле 50 гласови за нивната резолуција, додека американскиот блок убедил 65 земји да бидат против или во најмала рака воздржани.
Американската државна секретарка Хилари Клинтон и британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг лично ја презеле одговорноста да лобираат против српската предлог-резолуција за Косово доставена до Обединетите нации, пишува српскиот весник „Блиц“.
Лидерите за надворешни работи на двете големи сили лично испратиле писма до педесетина претседатели и влади на земји, од кои се бара да ја отфрлат српската предлог-резолуција во Генералното собрание на ОН, во која Србите оценуваат дека едностраната сецесија на Косово не е начин за решавање територијални проблеми и повикуваат косовското прашање повторно да се стави на маса. Меѓународниот суд за правда се изјасни дека косовската декларација за независност не е спротивна на меѓународното право. Србите тврдат дека до сега обезбедиле 50 гласови за нивната резолуција, додека американскиот блок убедил 65 земји да бидат против или во најмала рака воздржани. Преостанатите триесетина земји се предмет на дипломатската битка. Претставник од врвот на српската власт за „Блиц“ вели дека најлошото сценарио за Србија е промена на актуелната резолуција со амандман или усвојување на некоја сосема нова, според која, се до пронаоѓање решение прифатливо и за Србија и за Косово, се прифаќа меѓународниот протекторат. Косовците изјавија дека не планираат да предложат резолуција, а Србите шпекулираат дека преку Албанија, Американците ќе достават своја, која наводно веќе е подготвена. Според извори на „Блиц“, Генералното собрание на ОН на 9 септември ќе расправа за предлог-резолуцијата на Србија.


