» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Косовските власти ќе пукаат кон Србите
Општините населени со Срби и со други неалбанци не можат да бидат дел од творбата наречена држава Косово, се наведува во декларацијата-фантом за независност на северно Косово.
09:00 | 21.08.2010 | Автор: Шпиц
Приштина е подготвена и со оружје да го брани својот интегритет во случај северните општини, населени главно со Срби, да прогласат независност, изјави министерот за внатрешни работи на Косово, Бајрам Реџепи, за српскиот весник „Данас“. - Подготвени сме да реагираме и тоа вооружено. Сигурно е дека ќе ги апсиме сите оние што ќе се решат на нешто такво - изјави Реџепи.
Запрашан дали Приштина би можела сама да преземе таков чекор или би морала да добие согласност од меѓународните претставници, Реџепи изјави дека за тоа веќе биле информирани во мисијата на Еулекс. - Побаравме нивна помош да не се дозволи да се стигне со прогласување северно Косово и ги информиравме дека ќе реагираме доколку тоа, сепак, се случи - рече Реџепи за „Данас“. Најновиот повод за шпекулации во врска со северно Косово, по приказните за „специјален статус“ и косовска варијанта на Јужен Тирол, беше декларацијата-фантом за независност на северно Косово, лиферувана од досега непознатата организација Сојуз на општините на автономната област Косово и Метохија. Декларацијата, чиј автор не е познат, деновиве е ударна тема во приштинските медиуми и меѓу косовските политичари. Во неа се наведува дека „општините населени со Срби и со други неалбанци не можат да бидат дел од творбата наречена држава Косово“. Во декларацијата се наведува дека таа се однесува исклучиво на независноста на териториите и општините од Сојузот на општините на автономната област Косово од „творбата која неговите создавачи ја нарекоа Република Косово“.