» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Мексико објави крај на епидемијата од грипот А(H1N1)
08:00 | 30.06.2010 | Автор: МИА
Владата на Мексико објави крај на епидемијата од грипот А(H1N1) 14 месеци, откако болеста се појави првпат во земјата и предизвика глобална паника.Во октомври 2009 година 90 проценти од болните од грип биле заразени со вирусот А(H1N1), додека во мај тие опаднале до едвај десет проценти, објави мексиканскиот министер за здравство Хосе Анхел Кордова.Случаите на новиот грип во светски рамки се намалија во изминатите месеци. Вирусот одзеде 17.800 жртви во над 200 земји. Во Мексико беа регистрирани 72.546 заболени и 1.289 смртни случаи по избувнувањето на епидемијата во април 2009 година. нд/8:15


