» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Од полноќ, Грција повторно парализирана со генерален штрајк
12:45 | 10.03.2010 | Автор: e-reporter
Грчките синдикати објавија денеска дека генералниот штрајк во земјата што започнува вечерва на полноќ на 24 часа ќе ги затвори вратите на сите јавни служби, училиштата, царините и даночните управи, ќе го запаре јавниот превоз и ќе ги приземји авионите. Грците веќе со месеци протестираат против рестриктивните мерки што ги донесе социјалистичката влада во обид да ја извлече земјата од огромниот долг и да ја ублажи финансиската криза што и се закани и на европската заедничка валута. Кабинетот на премиерот Јоргос Папандреу донесе одлуки да се намалт платите на државните службеници, да се замрзнат пензиите и да се зголемат даноците, вклучувајќи ги оние за гориво и ДДВ.Работниците во јавниот сектор ќе си заминат од работа ноќеска на полноќ. Новинарите, наставниците, лекарите од државните болници и контролорите на летање ќе бидат исто така меѓу оние кои ќе се приклучат кон генералниот штрајк, додека полицаците, пожарникарите и припадниците на крајбрежната стража планираат да им се приклучат на протестните собити.


