» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Почина Херта Хас, поранешна жена и курир на Тито
Херта Хас, поранешниот личен курир на Јосип Броз Тито и мајка на нивниот син Александар (Миша) Броз, починала деновиве во Белград, на 96 години.
Хас, како што јавија денеска белградските медиуми, според сопствената желба, ќе биде погребана во гробницата на нејзиното семејство, пренесува еРепортер.
Австријката Хас, родена 1914 година во Марибор, беше учесник во Народно ослободителната војна и носител на партизанска споменица, а по Втората светска војна работеше како експерт во Сојузниот извршен совет на поранешна СФРЈ.
Херта го запонала Јосип Броз во 1937 година во Париз, кога станува негов личен курир, со задача да пренесува информации од француската престлнина за Југославија.
Хас и Тито се вериле 1940 година во Истанбул, од каде се преселиле во Загреб и во мај 1941 година, таа го родила нивниот заеднички син Александар. Набрзо потоа Херта и Јосип Броз се разишле.
Хас во едно интервју рече дека причина за тоа била војната.
Таа била уапсена од усташите во 1943 година во Загреб, а постојат повеќе верзии како Хас излегла од затвор и кој ја извлекол по само неколку месеци минати во заточеништво.
По војната. Херта Хас се омажила и родила две ќерки, а Тито, наводно, го сретнала само еднаш, и тоа 1946 година во неговиот претседателски кабинет.
Хас, која важи за една од најпознатите љубовници на Тито, неодамна по 60 години молчење проговори за својата бурна врска со бившиот југословенски претседател.
Вистинската страна на својата љубовна приказна со Јосип Броз, таа ја открила за потребите за филм на Лордан Зафрановиќ. Овој познат режисер потоа објасни дека Херта Хас за себе и за Тито говорела 14 часови, два пати по два дена.
Иако во текот на врската со неа Тито имал љубовница, Херта, која живееше во Белград со своите ќерки, сведочела дека ништо не му забележува на Тито, тврдејќи дека нив ги разделила војната.
Тито и Херта не се венчале, бидејќи Тито бил во илегала, а се разделиле во Јајце 1943 година, во текот на Второто заседание на АВНОЈ.
Јосип Броз во тек на врската со Херта имал љубовница - Даворјанка Пауновиќ, со партизанско име Зденка. Таа му била и секретарка, а многумина ја сметаат за најголема љубов на Тито.
Кога во 1947 година починала од туберкулоза, Тито наредил да биде погребана во паркот на резиденцијата во Дедиње.
„Кога си во илегала, мораш да штедиш на се, освен на надворешниот изглед. На тоа немој никогаш да штедиш“, и советувал Тито на Херта.


