САД повлекуваат 570 војници од Косово

11:45 | 10.03.2010 | Автор: МИА

/ САД во следните два месеца од Косово ќе повлечат 570 војници, во рамки на реконструкцијата на КФОР, пренесоа денеска приштинските медиуми. -До крајот на мај, на Косово ќе има околу 830 американски војници во Повеќенационаната борбена група „Исток“, рече капетанот Дан Марфи за „Стар енд стрип“, весник за воениот персонал и групите за интерес кои имаат врски со американската војска. Овој старешина за медиумите во воената база „Бондстил“, кај Урошевац, додаде дека бројот на војници кои остануваат, е сосема доволен за извршување на задачите.-Локалните институции, како што е полицијата на Косово, навистина работат добро. Во моментов, стабилноста на Косово е многу поволна, рече Марфи.По завршувањето на војната, во 1999 година, во составот на американските мировни сили имаше околу 7.000 војници, најмногу од сите учесници во КФОР. КФОР на Косово сега има околу 10.000 војници, распоредени во пет мултинационални борбени групи.

commercial