Се самоуби директорот на државната телевизија на БиХ

23:00 | 28.06.2010 | Автор: МИА
Долгогодишниот новинар и директор на државната телевизија на Босна и Херцеговина (БХТ-1), Владимир Билиќ утрво се самоуби.Од Клиничкиот центар во Сараево соопштија дека Билиќ утрово бил доведен во болница со прострелна рана во главата и веднаш бил опериран. Но, тој им подлегнал на раните.Билиќ беше роден на 27 април 1953 година во Сараево. Тој беше новинар, уредник и медиумски менаџер. Беше генерален директор и член на Преодната управа на РТВ ФБиХ, директор на информативната програма и на програмата на телевизијата ОБН и директор на програмата на Федералната телевизија (ФТВ).Тој беше дописник од Сарава за Радио франс ентренасионал (РФИ) и за Гласот на Америка (ВОА), и член на ИМЦ - независна комисија за медиуми и предавач на Новинарската школа „Медиа план“.