» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Снежни врнежи ја парализираа Бугарија
13:15 | 09.03.2010 | Автор: МИА
Интензивни врнежи од снег ја парализираа Бугарија каде 62 села се без електрична енергија, сообраќајот се одвива отежнато, а во текот на ноќта екипи на Цивилната заштита извлекоа над 100 завејани автомобили.
Државната агенција Цивилна заштита соопшти дека 62 села од кои 40 се во североисточниот дел од државата во областа Добрич останале без електрична енергија.
Сообраќајот се одвива отежнато бидејќи патиштата не се исчистени од снегот. На многу места се воведени забрани за сите превозни средства. Во Софија не се исчистени од снегот многу улици и трамваите доцнат по 30, а градски сообраќај по 15 минути.
Екипи на Цивилната заштита извлекле ноќеска околу 100 завејани возила меѓу кои и автобус со романски регистерски таблички кој слетал од патот кај Перник. Патниците се сместени во Перник и нема повредени, јавуваат локалните медиуми.
Откажани се и летовите од Варна за Софија. Метеоролозите предупредија дека од недела се очекува дополнително влошување на времето и нови снежни врнежи.