» Најкоментирани од последната недела:
Тадиќ: Не трудете се, не убедувајте, не уценувајте
15:15 | 18.03.2010 | Автор: e-reporter
Српскиот претседател Борис Тадиќ рече оти Србија нема да се откаже од принципиелниот став Приштина на регионалната конференција во Словенија да биде застапена исклучиво во согласност со Резолуцијата 1244 на ОН.
Тадиќ наведе дека Приштина може да биде застапена како УНМИК – Косово и дека наговарањето или уценувањето Белград да ја прифати косовската независност е „невозможна мисија“, пренесува еРепортер.
„Србија не ја прифаќа, ниту ја признава независноста на Косово, и нема да го стори тоа и нема потреба било кој да се труди да ја наговори или да ја уценува, затоа што тоа е невозможна мисија“, рече Тадиќ.
Српскиот претседател истакна дека е целосно непотребно што некои меѓународни претставници, без оглед дали се известувачи од Европскиот парламент или некои други, се обидуваат да и' држат лекција на Србија што треба да прави во однос на прашањето за Косово.
Тој повтори дека учеството на Србија на регионалната конференција што викендов ќе се одржи на Брдо кај Крањ зависи исклучиво од тоа дали претставниците на косовските Албанци таму ќе бидат претставени во согласност со Резолуцијата 1244 и оти никој нема право да го обвинува Белград ако собирот се одржи без Србија./