Во јапонските архиви тајни договори со САД

Американските власти можеле да внесуваат на јапонска територија нуклеарно оружје без претходно да ја известат државата, како и да ги користат своите бази во Јапонија во случај на „вонредна ситуација” на Корејскиот Полуостров

21:00 | 09.03.2010 | Автор: Соња Танеска Игнатоска

Јапонија и САД случувале тајни договори во сферата на одбраната и безбедноста чие постоење категорично го отфрлале во Токио, изјави јапонскиот министер за надворешни работи Кацуја Окада.
Изјавата е дадена откако тој добил извештај на група историчари направен по негово барање од архивите на министерството. Окада призна за постоење договори според кои САД можеле да внесуваат на јапонска територија нуклеарно оружје без претходно да ја известат државата, како и да ги користат своите бази во Јапонија во случај на „вонредна ситуација” на Корејскиот Полуостров.
- Не можеме со сигурност да тврдиме дека не е внесено нуклеарно оружје - изјавил министерот, но не прецизирал „дали реално било укажано на такви факти”.
Окада признал дека биле нарушени трите ненуклеарни принципи прифатени од јапонската влада - државата да нема, да не произведува и да не внесува нуклеарно оружје.
Тимот што работел на извештајот тврди дека дури и во тајните службени архиви недостигаат голем број важни документи. Историчарите повикаа министерството да организира службена истрага и да го подобри системот за објавување документи и за достап до информации.
Комисијата беше формирана минатата есен по барање на Окада. Потегот е дел од кампањата на јапонскиот премиер Јукио Хатојама за поотворен кабинет.