» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Една чаша вино дневно го намалува холестеролот
Стокхолм, 1 февруари - Се чини дека има вистина во тврдењето оти една чаша вино днвено има позитивно дејство врз здравјето.
Во едно контроверзно истражување во Шведска, учесниците доброволно пиеле вино секој ден во период од три месеци. Тоа придонело за значајно подобрување на нивото на холестеролот кај нив без притоа да бидат констатирани оштетувања на џигерот, јави Шведската телевизија СВТ.
Многумина слушнале дека црвеното вино може да биде добро за здравјето, но до такво сознание истражувачите дошле преку интервјуирање на луѓето, односно колкави количества вино консумираат, за потоа да ги подложат на испитување, јави дописникот на МИА од Стокхолм.
Во оваа нова студија, шведски истражувачи го направиле токму спротивното. На доброволци им било делено вино за потоа да се утврди во колкава мера различни количества консумирано вино имале влијание врз нивото на холестеролот.
Количеството вино кое секој учесник во истражувањето можел да го добие, било определено со жрепка. Една група биле одредена како антиалкохоличари. Една друга група, составена од жени учеснички во студијата, имале можност да пијат по една чаша секој ден, додека мажите пиело по две чаши вино дневно во период од три месеци.
По завршувањето на студијата биле тестирани нивоата на холестеролот и ефектите врз џигерот при што се добиени изненадувачки резултати, дури и за самите истражувачи. Тие што пиеле вино имале дури 15 отсто пониско ниво на штетен холестерол во крвта, во споредба со оние што добиле улога на антиалкохоличари.
И покрај консумирањето алкохол, кај учесниците во истражувањето не биле забележани оштетувањата на џигерот.
Според истражувачкиот тим, изненадувањето е несомнено бидејќи станува збор за толку големо подобрување на вредноста на холестеролот.
- Соодветно подобрување може да се постигне само со помош на лекови, вели Фрдерик Нистром, професор по интерна медицина при универзитетот во Линчепинг, кој раководеше со проектот.
Други фактори поврзани со стилот на живеење, како, на пример, физички тренинг или диета, не даваат толку голем позитивен ефект.


