САД:Повлечени милион Infantino носилки за деца поради смртни случаи

11:45 | 25.03.2010 | Автор: e-reporter
Калифорнискиот производител на опрема за новороденчиња Infantino повлече над милион популарни носилки за новороденчиња, откако три деца се задушиле во нив.
Десетина случаи се под истрага, објави денеска американската Комисија за безбедност на производите.
Потрошувачите треба да престанат да ги користат носилките од типот SlingRider и Wendy Bellissimo за деца помали од четири месеци и да ја контактираат фирмата Infantino од Сан Диего за бесплатна замена, наведе агенцијата која ги предупреди купувачите да не се обидуваат да ги поправат тие носилки. Комисијата истражува 14 смртни случаи поврзани со носилките за деца во последните 20 години, не именувајќи ги производителите. Помалите деца се во поголема опасност поради помалата моторичка контрола на главата. Американските медиуми не наведуваат дали компанијата Infantino своите производи ги продавала во европските земји.
Станува збор за пратки произведени во Кина и Тајланд од јануари 2003. до март 2010 и оти биле продавани во трговските ланци Wal-Mart, Target, Amazon.com, Burlington Coat Factory, Toys R Us и Babies R Us.