» Најкоментирани од последната недела:
Бојан се наросува со еротски книги
Моќниот и сугестивен глас на водителот Бојан Бошковски (23), кој од неодамна се појавува во ТВ-емисијата „Фаци“, за кратко време му донесе популарност. Поранешниот радиоводител вели дека почувствувал колку е голема моќта на телевизијата.
- Луѓето веќе и низ град ме препознаваат, а богами не верував дека ќе бидат толку во фокус на девојките. Откако излегов на екранот глава не можам да кренам од нив, се смее водителот и додава: Моментно сум соло, немам одбрано никоја. Инаку, по мој вкус се малку помрснички, пополни девојки, со убави гради, како божици. Во тоа лежи целата женственост. И ако некоја таква девојка ми дозволи, искрено, би ја масирал по цел ден. На пример, според мене, супер е пејачката Тамара и водителката Симона. Кога пред неколку денови во редакцијата на „Крема“ Симона ми дозволи да ја бакнам сочно, почувствував јака хемија.
По цели денови Бојан го слуша Стинг и џез-изведувачот на труба Крис Боти, а се релаксира со гледање филмови и читање книги.
- Се релаксирам со музика и со гледање многу филмови со еротска содржина. Серијалот „Емануела“, и по толку години, е лектира за секој млад човек. Деновиве завршив со читање на една многу интересна книга „11 минути“ од Паоло Куелјо. Во еротската содржина на книгата беше опишан животот на една девојка која во потрага по својата среќа и за подобар живот, не сакајќи станува куртизана, но само на одбрани луѓе - насмеан објаснува водителот.
За крај, тој со неколку зборови прави ваква компарација:
-Хм! Како што жените се палат и се наросуваат на мојот глас, така и јас се наросувам на еротска литература! Не е грев, нели?


