Хе­ле­на го­ла вле­гу­ва во филм

21:30 | 03.02.2010 | Автор: Шпиц

/ Хе­ле­на Ро­за ќе ја ви­ди­ме го­ла и на филм. Точ­ка­та на рас­об­ле­ку­ва­ње, ко­ја сло­бод­на­та во­ди­тел­ка не­о­дам­на ја из­ве­де на бел­град­ско­то шоу „Јас имам та­лент“ ќе се нај­де во но­ви­от филм на кон­тро­верз­на­та ре­жи­сер­ка Со­фи­ја Те­о­дор, „Ро­зе тан­га че­твр­ток“. Таа сме­та де­ка тој стрип­тиз е до­бар за ми­занс­це­на и де­ка Хе­ле­на, ко­ја е неј­зи­на инс­пи­ра­ци­ја, е ро­де­на за глу­ма.

- Јас и неј­зе и ре­ков де­ка ја згре­ши­ла про­фе­си­ја­та. Хе­ле­на е ро­де­на актер­ка. Се ви­де уште на сни­ма­ње­то на прет­ход­ни­от филм „Таа е се­то тоа“. Овој пат ќе ја зе­мам да го из­ве­де исти­от стрип­тиз и со иста­та при­друж­ба и во мо­јот нов, пет­ти филм. При­каз­на­та се вр­ти око­лу же­не­то мом­че, кое има бре­ме­на же­на, а се­кој че­твр­ток игра во клуб без не­го­ва­та со­пру­га да знае кај е тој, па за­тоа таа че­сто не­го­ви­те отсус­тва ги тол­ку­ва ка­ко из­не­ве­ру­ва­ња - откри­ва Те­о­дор.

Глав­на­та ма­шка уло­га, ли­кот на Алек, му е по­ну­де­на на Ва­сил За­фир­чев, а жен­ски­от лик Миа, на Бил­ја­на Та­не­ска, ма­ке­дон­ска актер­ка кој по­дол­го вре­ме жи­вее во Ита­ли­ја. Ре­жи­сер­ка­та и сце­на­рис­тка има жел­ба во фил­мот да ги ви­ди и Ар­на Ши­јак и во­ди­те­лот Зо­ран Ва­си­лев­ски. Мла­ди­от актер Бор­че На­чев е по­ка­нет да игра мом­че кое е не­де­фи­ни­ра­но во пог­лед на сво­ја­та се­ксу­ал­на ори­ен­та­ци­ја. Во фил­мот, исто та­ка, ќе се по­ја­ват и јав­ни лич­но­сти за кои јав­но­ста ќе се из­не­на­ди што се наш­ле во та­ков филм.

- Не кри­јам де­ка са­кам пуб­ли­ка­та да ме при­фа­ти ка­ко кон­тро­верз­на и аван­гард­на ре­жи­сер­ка, еден вид жен­ски Пе­дро Ал­мо­до­вар, мо­јот идол. Пре­диз­вик ми е пре­ку филм­ско­то плат­но да си играм со чув­ства­та на гле­да­чи­те, да тап­кам по нив­ни­те се­ти­ла, да им го по­ка­чу­вам пул­сот, да пре­диз­ви­ку­вам из­ме­ша­ни ре­ак­ции. Па, јас жи­ве­ам во све­тот на филм­ска­та ма­ги­ја. Ко­га на мо­и­те ро­ди­те­ли сво­е­вре­ме­но им ре­ков де­ка са­кам да се еду­ци­рам за актер­ка та­тко ми се из­бе­зу­ми и не ми доз­во­ли, сме­тај­ќи де­ка тре­ба да изи­гру­вам „цир­ку­зан­тка“ и да се раз­го­лу­вам. Да би­дам ре­жи­сер­ка при­фа­ти без проб­лем. Но, ете и ка­ко ре­жи­сер­ка оти­дов по­да­ле­ку во пре­зен­ти­ра­ње кон­тро­вер­зии и пер­вер­зии, и са­кам со тоа да на­пра­вам ре­жи­сер­ски бум кај нас. Мо­ти­вот ќе го откри­јам еден ден, здрав­је Бо­же ако до­стиг­нам свет­ски ус­пе­си, ка­ко што по­са­ку­вам - искре­на е Те­о­дор.

Сни­ма­ње­то на „Ро­зе тан­га че­твр­ток“ поч­ну­ва во април, со сни­ма­те­лот Але­ксан­дар Ка­са­пи­нов, а мон­та­жа­та му е до­ве­ре­на на Тег­ла.