» Најкоментирани од последната недела:
Претепана пејачката Александра
Таа ја криела вистината од сите, дури и од мајка си, на која и рекла дека имала полесна сообраќајна несреќа
Пред десетина дена младата пејачка на српската продукција „Гранд“ Александра Бурсаќ, најпозната по песната „Падале су кише“, била претепана од нејзиното момче. Таа, кон крајот на минатата недела се појавила на „Гранд фестивалот“ со модринка под окото, која ја криела со дебел слој пудра, а и се забележувале и испукани капилари.
Александра морала да оди и на итна интервенција кај стоматологот што и ја правел протетиката на предните заби, зашто насилникот безмилосно ја мавал по лицето и и ги скршил забите.
Пејачката ја криела вистината од сите, дури и од мајка си, на која и рекла дека имала полесна сообраќајна несреќа. Историјата се повторува - и нејзината мајка своевремено поради физичко насилство од бившиот партнер морала да замине во дом за згрижување.
- Вториот сопруг на мајка ми физички и психички не злоупотребуваше, најмногу мене. Кога и да останев дома со него ме тепаше и не гледаше кај удира. Кога мајка ми прв пат забележа дека имам модринки по телото, ја лажев дека сум паднала. Знам дека не ми веруваше, но бидејќи и неа ја малтретираше, не смееше поинаку да реагира. По три години пекол, собравме сили и побегнавме од него. Благодарение на прекрасните луѓе што ги запознавме јас, мајка ми и сестра ми се сместивме во „Безбедна куќа“ во Сурчин. Во таа установа беа сместени уште десетина жени кои беа тепани од своите сопрузи. Но, тој пак не пронајде и продолжи да не вознемирува. Ни се закануваше и мене и на сестра ми дека ќе не киднапира, дека ќе фрли бомба во куќата. За среќа, се заврши само на закани, своевремено вака ја раскажуваше својата тажна судбина белграѓанката Александра, која овој пат доживеа слична ситуација, но од своето насилно момче.


