„Спо­ме­ни­ци­те“ на цр­ве­на­та бур­жо­а­зи­ја

22.01.2010 | Влатко Ѓорчев (пратеник) | Видено: 430

Оваа есен бе­ше за­бра­не­то по­на­та­мош­но­то об­ја­ву­ва­ње на мо­и­те ко­лум­ни во „Днев­ник“. По­во­дот бе­ше мо­ја­та ко­лум­на од 21.8.2009 го­ди­на. За­тоа, мо­јот се­ри­јал на ко­лум­ни за вес­ни­кот „Шпиц“ го поч­ну­вам ток­му со ко­лум­на­та ко­ја ја по­го­ди тран­зи­ци­ска­та ле­ви­ца и ко­ја до­ве­де до цен­зу­ра­та во „Днев­ник“. Се чи­та­ме по­на­та­му, во про­дол­же­ние ја има­те ко­лум­на­та:
Ви пре­по­ра­чу­вам да ги разг­ле­да­те ку­ќи­те на Вод­но. Во под­нож­је­то, кај цр­ве­на­та бур­жо­а­зи­ја. Изг­ле­да ка­ко Бе­вер­ли Хилс, по­тсе­ту­ва на Рим, се ко­пи­ра Же­не­ва.
Во ку­ќи­те си­гур­но има и чес­ни лу­ѓе, има и ста­ро­се­дел­ци, има и сред­на кла­са, има и дип­ло­ма­ти, има и не­за­вис­ни, има и ус­пеш­ни кои цел жи­вот ра­бо­те­ле. Но, нај­број­ни се тран­зи­ци­ски­те хе­рои. Кре­а­тив­ни­от биз­нис за вре­ме на при­ва­ти­за­ци­ја­та на­ви­сти­на го усо­вр­ши­ја. Кон­тин­ген­ти, фри­шо­по­ви, суд­ски пре­су­ди, при­ва­ти­за­ции, тен­де­ри, на­ба­вки, ци­то­ста­ти­ци, ком­по­зи­ции, стен­то­ви, тен­ков­ски де­ло­ви, зем­ји­шта, ште­дил­ни­ци... Во име­то на „со­ци­јал-де­мо­кра­ти­ја­та“ ги на­пол­ни­ја џе­бо­ви­те, а ги обез­бе­ди­ја на­ред­ни­те 5 ге­не­ра­ции. Тоа не се ле­ви­ча­ри­те со иде­а­ли, кои имаа мо­рал и образ.
Во тран­зи­ци­ја­та вле­гоа со еден „сто кец“, а из­ле­гоа со пор­шеа. Ба­ра­ки­те ста­наа ха­ци­ен­ди, а ла­ди­те ги за­ме­ни­ја со „БМВ“. Ка­ко? Си зна­е­ме си­те. До­во­лен е еден То­ур д'Вод­но. На­пра­ве­те ед­на оби­кол­ка и разг­ле­дај­те ги при­ват­ни­те „спо­ме­ни­ци“ на ма­ке­дон­ска­та тран­зи­ци­ја.
Пр­во, пој­де­те на ули­ца­та Сал­ва­дор Ал­јен­де 75. Тоа би мо­же­ло да би­де „Спо­ме­ник на ма­ке­дон­ска­та тран­зи­ци­ска еко­но­ми­ја“. Пог­лед­не­те ја ку­ќа­та на Или­ја Фи­ли­пов­ски. И, брат му Бла­го­ја Фи­ли­пов­ски. Две па­ла­ти и ба­зен. Или­ја Фи­ли­пов­ски бе­ше пот­пре­тсе­да­тел на Из­врш­ни­от со­вет на СРМ за вре­ме на СКМ и КПЈ. Бил ди­ре­ктор на увоз - из­воз во Охис, при­ва­тен сто­панс­тве­ник, пра­те­ник на СДСМ и пот­пре­тсе­да­тел на Вла­да­та. И ми­ни­стер за еко­но­ми­ја. Еко­но­ми­ја, ко­ја се да­ве­ше во стаг­на­ци­ја, ко­ја про­из­ве­ду­ва­ше оли­гар­си.
Брат му Бла­го­ја Фи­ли­пов­ски бе­ше ди­ре­ктор на ае­ро­дро­мот од 1991 до 1995 го­ди­на. Бе­ше мат­но вре­ме, има­ше 1 те­ле­ви­зи­ја, 2 вес­ни­ка и не­ма­ше афе­ри. Спо­ред „Днев­ник“ од 2003 го­ди­на, кон­тро­ла­та на ма­те­ри­јал­но-фи­нан­си­ско­то ра­бо­те­ње во 1993 го­ди­на утвр­ди­ла де­ка има­ло 800 про­пу­сти. Но, и по­тоа оста­нал ди­ре­ктор до 1995 го­ди­на, а по­втор­но име­ну­ван во 2003 го­ди­на по ле­ген­дар­ни­от 15 сеп­тем­ври.
Се до­не­се Бран­ков за­кон, се ве­ти по еден вра­бо­тен во се­кое се­мејс­тво, но Ма­ке­до­ни­ја оста­на зем­ја со нај­го­ле­ма не­вра­бо­те­ност и си­ро­ма­шти­ја. Се­пак, ку­ќи­те се на­пра­ви­ја. Слож­ни бра­ќа. Ви га­ран­ти­рам, се гле­да од Гугл еарт. Ме­не ми изг­ле­да де­ка вред­но­ста на овој комп­лекс на Вод­но е мно­гу по­го­ле­ма од пред­ви­де­ни­те спо­ме­ни­ци на Го­це Дел­чев, Да­ме Гру­ев и АС­НОМ.
Вто­ро, оти­де­те на ули­ца­та Ди­ми­тар Бе­ров­ски број 7. Тоа е „Спо­ме­ник на не­за­вис­но­то су(д)ство“ на Бран­ко Цр­вен­ков­ски. Та­му мо­же­би ќе ја нај­де­те Лен­че Со­фро­ни­ев­ска. За­ста­не­те и гле­дај­те. Ку­ќа ли е, згра­да ли е?! Кол­ку ка­то­ви има? 3 или 4? Кол­ку вкуп­но ква­дра­ти? 400? 500? 600 ква­дра­ти? Не знам. Кол­ку ду­ќа­ни во ГТЦ има се­мејс­тво­то Со­фро­ни­ев­ски? 2, 3, 4 или 5? Кол­ку ста­но­ви? Кол­ку до­би­ва­ат од ки­рии се­кој ме­сец? 4. 000 евра? 7. 000? 10. 000 евра? Не знам, те­шко се бро­јат и до­бро­ју­ва­ат. Но, знам де­ка суд­ски­те про­це­си се вле­чеа со го­ди­ни, а СДСМ из­бра го­лем дел од су­ди­и­те во жал­на Ма­ке­до­ни­ја. И, нај­не­за­вис­ни­те су­дии од нај­не­за­вис­ни­от Уста­вен суд.
Тре­то, нај­де­те ја ули­ца­та Пар­те­ние Зо­граф­ски. Ба­рај­те ја нај­у­ба­ва­та ку­ќа. Ќе ја нај­де­те на број 61. Ку­ќа­та е го­ле­ма ка­ко згра­да. Чо­ве­кот изг­ле­да ра­бо­тел ка­ко за­ме­ник ди­ре­ктор во Јав­но­то прет­при­ја­тие за за­шти­та и одр­жу­ва­ње на ре­ги­о­нал­ни­те и ма­ги­страл­ни­те па­ти­шта, а мо­же­би не­кое вре­ме бил во УЈП. И, ко­га ќе се во­зи­те по не­кој стар пат, полн со дуп­ки, се­те­те се на гран­ди­оз­но­ста на жи­ве­а­ли­ште­то на ти­вки­от по­ра­не­шен за­ме­ник ди­ре­ктор. Ти­вка во­да, брег ро­ни. Нез­на­ен ју­нак.
Мај­сто­рот се ви­ка Ѓор­ѓи Пу­па­ков­ски. Ни­кој не го знае, ни­кој не го ви­дел, ама жи­вее во ку­ќа ка­ко Брен­дон и Брен­да од Бе­вер­ли Хилс. Но, ку­ќа­та на Брен­дон и Брен­да има­ше при­зем­је и по­ткров­је, а на Пу­па­ков­ски има 4 ка­та. Не­ка пој­де но­ви­нар и не­ка ја сли­ка. Мно­гу е по­ви­со­ка од спо­ме­ни­кот на Ни­ко­ла Ка­рев или Чен­то. Пу­па­ков­ски бил од­го­во­рен за про­е­ктот за град­ба­та на спо­мен ку­ќа­та на Бла­же Ко­не­ски. Убав про­ект, но ме­не ку­ќа­та на Пу­па­ков­ски ми изг­ле­да мно­гу по­у­ба­ва од спо­мен ку­ќа­та на Ко­не­ски. И по­го­ле­ма. Ха­ци­ен­да­та на Пу­па­ков­ски мо­же да ја на­ре­че­ме „Спо­мен ку­ќа на ми­зер­ни­те ре­ги­о­нал­ни и ма­ги­страл­ни па­ти­шта“.
Че­твр­то, оти­де­те на ули­ца „Пи­ту Гу­ли“ на Вод­но. Од дес­на стра­на ќе ви­ди­те ед­на уба­ва ку­ќа на еден убе­ден ле­ви­чар и ху­ман чо­век. До­ктор и кар­ди­о­лог. Ра­бо­тел со стен­то­ви, ле­ко­ви и бил ди­ре­ктор на кли­ни­ка. Бор­че Пе­тров­ски, ка­дар на СДСМ, бил член на ра­ко­водс­тво­то.
Не­го­ва­та ку­ќа е ме­ѓу срп­ска­та ам­ба­са­да и швед­ска­та ре­зи­ден­ци­ја. Во бли­зи­на има уште 5 - 6 ре­зи­ден­ции на ам­ба­са­до­ри, ама ку­ќа­та на ху­ма­ни­от до­ктор е нај­у­ба­ва. Цел жи­вот ра­бо­тел во јав­но­то здрав­ство, но ште­дел. Кар­ди­о­лог, со ср­це­то и убе­ду­ва­ња­та на ле­ва стра­на. Ви­стин­ски со­ци­јал-де­мо­крат, за­гри­жен за ра­бот­нич­ки­те пра­ва. Се­мејс­тво­то има во­зен парк сли­чен на Деј­вид Бе­кам, а ку­ќа­та има ди­зајн на хо­ли­вуд­ски су­пер­стар. Мо­же да се на­ре­че „Спо­ме­ник на тран­зи­ци­ски­те стен­то­ви и ци­то­ста­ти­ци“. До не­го­ва­та ку­ќа прв ком­ши­ја е Ми­рос­лав Гр­чев. Тој мо­же да ви об­јас­ни за ГУП, ДУП и мар­ки­ци во Цен­тар. Не­го­ва­та ку­ќа не­ка би­де „Спо­ме­ник на ле­га­ли­за­ци­ја­та на Лу­микс“.
Пет­то, за Вла­до Ди­мов. Бор­че Пе­тров­ски бе­ше ди­ре­ктор за вре­ме на ми­ни­сте­рот Вла­до Ди­мов. Вла­до Ди­мов во Гр­ци­ја во „Си­ти­банк“ при­ја­вил 400.000 евра, во Ко­мер­ци­јал­на бан­ка 18.000 евра, а во бан­ка во Ав­стри­ја 21.000 евра. Има удел во фир­ма­та „Бу­се мак“ од 168.000 евра, по­ба­ру­ва­ња за по­зај­ме­ни па­ри 119.000 евра, зем­ји­ште во Не­ре­зи во вред­ност од 135.000 евра. Не­го­во­то се­мејс­тво има не­кол­ку ста­но­ви и со­ли­ден во­зен парк. Са­мо имо­тот на Вла­до Ди­мов вре­ди кол­ку 5 спо­ме­ни­ци. Но, не­го­во­то не оста­ну­ва на др­жа­ва­та, на гра­дот и на си­те. Не­го­во­то е не­го­во, а дол­го­ви­те во здрав­ство­то се на си­те гра­ѓа­ни.
Си­те спо­ме­ни­ци во Скоп­је ќе чи­нат 10 ми­ли­о­ни евра, а во вре­ме­то на Вла­до Ди­мов и Ни­ко­ла Па­нов­ски дол­гот на ФЗО се зго­ле­ми од око­лу 50 ми­ли­о­ни евра на 86 ми­ли­о­ни евра. Тоа е са­мо во здрав­ство­то. За 3 го­ди­ни, во ман­да­тот 2002 - 2006 го­ди­на, ка­дри­те на СДСМ и ЛДП го зго­ле­ми­ја дол­гот за око­лу 36 ми­ли­о­ни евра. На кра­јот на 2008 го­ди­на, во вре­ме­то на ВМРО-ДПМНЕ, дол­гот на ФЗО бе­ше ну­ла евра.
Ле­то­во ќе стар­ту­ва бесп­лат­но­то здрав­стве­но оси­гу­ру­ва­ње за си­те гра­ѓа­ни. Но­ви 30 - 50. 000 лу­ѓе ќе до­би­јат бесп­лат­но здрав­стве­но оси­гу­ру­ва­ње. Тие лу­ѓе беа нај­за­гро­зе­ни, ток­му од ху­ма­ни­те „ле­ви­ча­ри“ со јуж­но-аме­ри­кан­ски ха­ци­ен­ди. И, на 1-ви сеп­тем­ври 2009 го­ди­на, се­кој уче­ник во ос­нов­но­то и сред­но­то обра­зо­ва­ние ќе до­бие бесп­лат­ни учеб­ни­ци. Око­лу 280. 000 де­ца ќе до­би­јат кни­ги на ма­са од др­жа­ва­та и да­ноч­ни­те об­врз­ни­ци.
Ко­га се ра­бо­ти до­ма­ќин­ски, то­гаш има и за учеб­ни­ци, и за суб­вен­ции, и за спо­ме­ни­ци, и за оби­кол­ни­ца, и за са­ли, и за пла­ти, и за пен­зии. . . . Ко­га се кра­де­ше, то­гаш ни­што не се гра­де­ше, освен ха­ци­ен­ди­те и па­ла­ти­те.
Кри­ми­на­лот со ре­зерв­ни­те тен­ков­ски де­ло­ви чи­ни кол­ку по­ло­ви­на спо­ме­ни­ци. Или, 10 спо­ме­ни­ци чи­нат кол­ку афе­ра­та со або­ли­ци­ја­та на Зо­ран За­ев и „Гло­бал“. Има уште де­се­ти­ци нез­нај­ни ју­на­ци, кои ќа­ри­ја од при­ва­ти­за­ци­ја­та. Де­нес жи­ве­ат од ки­рии, си те­ра­ат ра­бо­та и не му ја мис­лат.
И за крај, „спо­ме­ни­ци­те“ на Вод­но ќе оста­нат во нас­ледс­тво на мал­ку­ми­на, ка­ко по­тсе­ту­ва­ње на цр­ве­на­та бур­жо­а­зи­ја, кри­ми­нал­на­та ма­ке­дон­ска тран­зи­ци­ја и при­ва­ти­за­ци­ја. Спо­ме­ни­ци­те во цен­та­рот на Скоп­је ќе оста­нат за на­ред­ни­те де­це­нии и ве­ко­ви за си­те гра­ѓа­ни на Ма­ке­до­ни­ја. Тие спо­ме­ни­ци ќе ги по­тсе­ту­ва­ат ид­ни­те ге­не­ра­ции за нив­но­то ми­на­то и за на­ши­от иден­ти­тет.