10:00 | 05.03.2010 | Автор: Бранко Героски

Амди Бајрам е во право!

Бранко Геровски - Острилка Изјавата на пратеникот Амди Бајрам, дека Ромите во Македонија имаат свој споменик во центарот на Скопје - чистачот на чевли - ја доживеав како вистинско откровение. Всушност, ако човек добро размисли, навистина е така. Сите етнички заедници веќе имаат свои споменици во метрополата и навистина е бесмислено да се креваат меѓуетнички тензии.
Албанците од порано си ги имаат Скендербег и Мајка Тереза, иако ние се обидувавме да ги помакедончиме. Со тешки маки ние, од словеномакедонското малцинство, го добивме Мисирков, но изгледа ќе ни го турнат, оти и пречи на Триумфалната капија. Ако де, ќе го ставиме под кирија во куќата на велешанецот Каров, веднаш до Ванчо Михајлов, иконата на Бугарите.
Влаинки, ако не се лажам, се оние двене шмизли што нуркаат во Вардар спроти Комерцијална банка, да прости другарот Хари. Бикот ми личи на претставник на турскиот окупатор, да прости кумот Ѓунер. Срби се шмизлата и фраерот, да прости другарот Латас.
Ред е, мајку му стара, нашите вистински патриоти, потомци на Александар и на Филип, да си добијат споменици. Амди Бајрам е во право!