» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
09:00 | 29.06.2010 |
Автор: Бранко Героски
Патриотите се симнуваат од програмата
Ете, мили мои, бидна митингот на опозицијата и на граѓанскиот отпор против оваа ненародна власт. Покажавме дека во нашата татковина има храбри и доблесни луѓе. Илјадници! Македонија во неделата навечер го покажа своето вистинско лице. Сега, ако немате ништо против, јас би одморил малку. Само, да нема забуна, јас сум хроничен воркохолик. Се надевам дека оваа година, првпат во мојот живот, ќе издржам на одмор три недели. Значи, се читаме повторно на 20 јули.
А патриотиве, слушам, се одјавиле на подолго време. Латас нема да пишувал до септември. И Миленко се одјавил до септември, а потоа наводно ќе се откажел од политика и ќе правел репортажи. Изгледа и Томиќ национале ќе се симнел од програмата подолго време.
Чекајте, бе, чекајте… Та, нели ќе дошол предлог од Нимиц? Нели Груевски ќе свика референдум? Кој ли ќе им го брани компромисот?
Аааа… Охи! Јок! Мало морген! Не се надевајте на мене, патриотчиња! По одморот, јас се фрлам во одбрана на уставното ни име. И немој да сте помислиле да сте ми ја предале Македонија дур ме нема!
Последни 10 острилки:
- На 5 јуни мора да ги надмудриме
09:00 | 22.04.2011 - Зафировски не сака да се меша во својата работа
09:00 | 13.04.2011 - Две Македонии
09:00 | 11.04.2011 - Да не се заборави
09:00 | 05.04.2011 - Ах, тие мангупи!
09:00 | 04.04.2011 - Удар под појас
09:00 | 28.03.2011 - Совест напикана во шише
09:00 | 21.03.2011 - Васко Наумовски го лаже Европскиот парламент
09:00 | 18.03.2011 - Да се знае кој е газда
09:00 | 17.03.2011 - Една грешка, мака тешка
09:00 | 16.03.2011