» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
10:00 | 01.03.2010 |
Автор: Бранко Героски
Багери за „Скопје 2014“!
Видете сега, ако е бал, нека е бал...Сосема ја разбирам иницијативата на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, проектот „Скопје 2014 (2018)“ да добие една мултиетничка димензија. Се, ама буквално се во оваа држава треба да ја одразува мултиетничноста. И глупоста.
Малку е незгодно што Ахмети јавно го офира својот партнер Никола Груевски дека имал позитивен пристап за неговите предлози. Мислам, незгодно е што ова ќе го слушнат вмровците, инаку и мојот пристап е апсолутно позитивен.
Од сите имиња на албански јунаци и дејци кои треба да бидат овековечени на плоштадот Македонија, најмногу ми се допаѓа оној православен Албанец од реканскиот крај, преродбеник, кој дејствувал во Софија на крајот на 19 и почетокот на 20 век. Мислам, веројатно човекот си има заслуги, а има и интересно име - Јосиф Багери.
Багери за „Скопје 2014“! Ама од кога ви велам, само никој не слуша...
Последни 10 острилки:
- Патријархат, ами како?!
10:00 | 09.03.2010 - Антикризни мерки
10:00 | 08.03.2010 - Никој како Грујо и Сузана Манчиќ!
10:00 | 06.03.2010 - Амди Бајрам е во право!
10:00 | 05.03.2010 - Вмровските бегови
10:00 | 04.03.2010 - Неселективна правда
10:00 | 03.03.2010 - Фекалии нека се, од ВМРО да се!
10:00 | 02.03.2010 - Багери за „Скопје 2014“!
10:00 | 01.03.2010 - Светот да му помогне на Охрид
10:00 | 27.02.2010 - Армијата, верата и владата
10:00 | 26.02.2010