» Најкоментирани од последната недела:
10:00 | 10.03.2010 |
Автор: Бранко Героски
Банда без команда
Уште една дама поврзана со ВМРО-ДПМНЕ се прослави деновиве. Група вработени во Министерството за животна средина, со писмо што го обелодени Алфа, се жалат дека државната секретарка Лидија Зафировска ги навредувала и психички ги малтретирала.Според писмото, Зафировска ги нарекувала вработените бандити, банда без команда, криминалци, змиско гнездо… Во писмото се тврди дека дамата со закани, пцости, примена на навредливи зборови, висок тон на комуникација и со казни, вршела мобинг. Освен тоа, таа сакала да го подели Министерството на македонски и на албански дел – таа да управува со македонскиот, а министерот со албанскиот дел на вработените.
Убаво рекла жената – банда без команда.
ПС. Критиката на Советот на честа на ЗНМ, за нашиот наслов „Пепи правела дрога пред синот кошаркар”, во бројот од 12 февруари, се прифаќа. Ќе се потрудиме да не ни се повтори.
Последни 10 острилки:
- Да се бунтуваме против цензорите!
09:00 | 29.07.2010 - Тешко им било на лиглињата
09:00 | 28.07.2010 - Предлагајте, ама со усул!
09:30 | 22.07.2010 - Патриотите се симнуваат од програмата
09:00 | 29.06.2010 - Биќе ова земља Вардарска бановина!
09:00 | 15.06.2010 - Латас или - Македонец само во Македонија
09:00 | 08.06.2010 - Велекорупција
09:00 | 07.06.2010 - Сичките сме за Сани Бич
09:00 | 03.06.2010 - Државници ем патриоти
09:00 | 02.06.2010 - Керим со кумовите
09:00 | 29.05.2010