» Најкоментирани од последната недела:
09:00 | 15.06.2010 |
Автор: Бранко Героски
Биќе ова земља Вардарска бановина!
Силно ме забавува овој Латас. Онака запенавен, сите ги убедува дека разликата меѓу нас „предавниците“, коишто наводно сме го прифаќале грчкиот предлог за името - кој предлог?! - и премиерот е во тоа што (цитирам) „Груевски прифаќа компромисно решение кое не задира во Уставот, нацијата и јазикот, а води до Европа и НАТО“. Баш ме интересира кое е тоа компромисно решение. Нашиве другарчиња од Сани Бич велат дека тоа ќе било името „Република Вардарска Македонија“. Бидејќи сме биле навикнати да правиме разлика меѓу „Вардарска“ и „Егејска“. За ова, според грчките медиуми, се воделе преговори „далеку од очите на јавноста“. А нашиот народ вели - далеку од очите, далеку од срцето.
Елем, прашувам јавно - тоа ли е тој „патриотски“ предлог? Може ли некој да ни објасни зошто „Вардарска Македонија“ е подобро решение од „Северна“, од „Нова“ или од „Република Македонија (Скопје)“. Дека не дели на „Вардарци“ и на „Егејци“?
Ако не знаете, јас ќе ви објаснам. Денес ќе се викаме „Вардарска Македонија“, а утре Вардарска - бановина! Јелте, другови патриоти?
Последни 10 острилки:
- Грујо како Фидел Кастро
09:00 | 06.09.2010 - Нацијата во шок
09:00 | 03.09.2010 - Каков таков дијалог
09:00 | 02.09.2010 - Уметникот со пурата
09:00 | 31.08.2010 - Поединци низаедни!
09:00 | 27.08.2010 - Каква комисија, толку пари
09:00 | 26.08.2010 - Дорис, одувек је срцу памет била непозната!
09:00 | 25.08.2010 - Добро утро, професоре Мирчев!
09:00 | 24.08.2010 - Срќко може да ги сонува моите тиражи!
09:00 | 23.08.2010 - Скарани со логиката
09:00 | 21.08.2010