» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
09:00 | 25.08.2010 |
Автор: Бранко Героски
Дорис, одувек је срцу памет била непозната!
А мори Дорис, ти ко Латас наш - ќе тужам, па ќе тужам... Џоле наш е голем маж, тој нема да ти се извини и едно око да ти извадил, а не што рекол дека од тебе добил информации оти Македонија во 1995 година ја отфрлила понудата на меѓународната заедница да почне преговори за членство во НАТО и во ЕУ под привремената референца.
Знаеш, драга Дорис, нашиве властодршци се големи сонувачи кои ги остваруваат своите соништа. Затоа не прават разлика меѓу сонот и јавето. Ете, на Грујо му се сони црква на плоштад и оп - црква ќе се гради! Можеби и Ѓоле сонил дека сте правеле муабет во некој ров во Сребреница и оп - нашето надалеку прочуено истражувачко
новинарство од тоа ќе создаде реалност.
Од друга страна, не сум сигурен, лута Дорис, дека и тебе може да ти се верува. Не велам дека лажеш кога велиш дека никогаш не си се сретнала со нашиот претседател. А помисли малку, ти можеби и си го сретнала, ама од кај да знаеш дека човекот е претседател? Може си рекла, што убав шофер е оној фраерон? Знаеш колку луѓе во Македонија не знаат дека Џоле е претседател? Во земја во која претседател на куќен совет е фирма, што е важно кој е претседател на државата?
И не те злоупотребува Џоле, моме Дорис. Он сака да те употреби, за нашата кауза. А ти, одма да тужиш. Срам да ти е!
Последни 10 острилки:
- На 5 јуни мора да ги надмудриме
09:00 | 22.04.2011 - Зафировски не сака да се меша во својата работа
09:00 | 13.04.2011 - Две Македонии
09:00 | 11.04.2011 - Да не се заборави
09:00 | 05.04.2011 - Ах, тие мангупи!
09:00 | 04.04.2011 - Удар под појас
09:00 | 28.03.2011 - Совест напикана во шише
09:00 | 21.03.2011 - Васко Наумовски го лаже Европскиот парламент
09:00 | 18.03.2011 - Да се знае кој е газда
09:00 | 17.03.2011 - Една грешка, мака тешка
09:00 | 16.03.2011