10:00 | 02.03.2010 | Автор: Бранко Героски

Фекалии нека се, од ВМРО да се!

Бранко Геровски - Острилка Ги читам насловите во весниците и мислам дека е во право еден мој пријател од Охрид, кога вели дека огромни количества злоба се излеваат од нашите медиумски корита и страшни одрони на патолошка омраза кон нашата влада и кон нејзиниот премиер, кој не е семоќен, нели, да се бори и против глобалното затоплување. Што е право, право е, тоа не беше ветено во „Преродбата од 100 чекори“.
Зошто е виновен Груевски, ми вели пријателот, што колекторскиот систем на Охридско Езеро не може да ги прими фекалните води, што фекалиите веќе се појавија во домовите на охриѓани и што се заканува опасност од зарази? А можеби сето тоа го измислуваат градоначалникот и сдсмовците, за да го нарушат имиџот на нашата партија.
Му завидувам на пријателот. Мислам дека СДСМ веќе никогаш нема да достигне такво ниво на верба и љубов кон својот водач. Да ја парафразирам народната - фекалии нека се, од ВМРО да се! Риспект!