» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
10:00 | 20.08.2010 |
Автор: Бранко Героски
Груевски се врати на лопата, пардон - на работа!
Десетина дена мируваа лопатите преродбенички. За миг помисливме дека животот запира, дека преродбата полека ја фаќа ‘рѓа и дека иднината на нашата барокна нација е доведена во прашање. Се загриживме. Што ли ќе се случи сега? Кој ли ќе ја гради пругата што не гради нас?
А и нашиот премиер е човек од крв и месо, мајку му стара. Барем во слободното време, кога не мора да биде бог. Заслужи и тој малку да одмори. Да види што е јавашлук. Во Турција.
Кога замина, Грујо на своите соработници им остави одлучна порака - немој никој да ми ги допрел лопатите! Знаеме веќе, човекот е емотивно врзан за своите лопати.
И еве го, штом се врати, веднаш се фрли на работа. Во оваа држава, освен Грујо, за лопата се фаќаат само гробарите. За разлика од нив, Грујо ги погребува народните пари. Ги затвора во спортски сали, тениски терени и во други погони за производство на политички рејтинг.
А народот се радува. И верува во својата одложена среќа.
Последни 10 острилки:
- На 5 јуни мора да ги надмудриме
09:00 | 22.04.2011 - Зафировски не сака да се меша во својата работа
09:00 | 13.04.2011 - Две Македонии
09:00 | 11.04.2011 - Да не се заборави
09:00 | 05.04.2011 - Ах, тие мангупи!
09:00 | 04.04.2011 - Удар под појас
09:00 | 28.03.2011 - Совест напикана во шише
09:00 | 21.03.2011 - Васко Наумовски го лаже Европскиот парламент
09:00 | 18.03.2011 - Да се знае кој е газда
09:00 | 17.03.2011 - Една грешка, мака тешка
09:00 | 16.03.2011