» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
09:00 | 08.06.2010 |
Автор: Бранко Героски
Латас или - Македонец само во Македонија
А, бе, неверојатен е овој Латас!За мене пишува дека не сум бил разбирлив, ама сум бил шармантен. Можеби е така. Наспроти мене, Латас е разбирлив ко селски буквар и во последно време воопшто не е шармантен. Еве, сега во тоа може да се увери секој вмровец што го обожава.
Пишува Латас (цитирам): „Да знаат: не ми смета, за надвор од овде, да имаме друго име. Но, во мојата куќа, да бидам свој. Македонец во Македонија, кој зборува македонски“.
Ете, драги мои, како јуначки го брани нашето уставно име пријателот на Никола Груевски. Латас сака да биде Македонец само во Македонија. И да зборува македонски. Ако поднаучи (на пример, дека не се вели „смета“, туку „пречи“). А за надвор, спремно прифаќа „друго име“.
Му ветувам на Латас дека на секоја трибина во Македонија верно ќе го пренесам неговиот најнов став за спорот за името. Но, ќе морам да му се спротивставам, бидејќи мене, за разлика од него, ми пречи да бидам Македонец само во Македонија.
Последни 10 острилки:
- На 5 јуни мора да ги надмудриме
09:00 | 22.04.2011 - Зафировски не сака да се меша во својата работа
09:00 | 13.04.2011 - Две Македонии
09:00 | 11.04.2011 - Да не се заборави
09:00 | 05.04.2011 - Ах, тие мангупи!
09:00 | 04.04.2011 - Удар под појас
09:00 | 28.03.2011 - Совест напикана во шише
09:00 | 21.03.2011 - Васко Наумовски го лаже Европскиот парламент
09:00 | 18.03.2011 - Да се знае кој е газда
09:00 | 17.03.2011 - Една грешка, мака тешка
09:00 | 16.03.2011