10:00 | 03.03.2010 | Автор: Бранко Героски

Неселективна правда

Бранко Геровски - Острилка Завчера пајак ни ги собра колите, мојата и на сопругата. Пред зграда. Се побунивме. Дојде полицаец да ни објасни дека сме згрешиле што сме купиле стан во Дебар Маало. Бап, по 2.000 денари на гладно срце!
Нејсе, пред мене го гледам комшијата од пазарчето Буњаковец, кој секогаш ме кара што го критикувам Груевски.
- Што е бе, комши, те репнаа и тебе, па нели си ти вмровец?
- Ако бе, ќе платам 2.000 денари, нашите казнуваат неселективно.
- Простете, господине - вели човекот зад шалтерот - за Вас е 3.500 денари.
- А зошто? - се буни комшијата вмровец.
- Затоа што Вашето возило е собрано од зелена површина.
- Каква зелена површина, човече, тоа беше земја, кал до колена!
- Не знам, овде така пишува, 3.500 денари!
Плативме ко попчиња. Јака работа ти била оваа неселективнава правда!