» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
10:00 | 27.02.2010 |
Автор: Бранко Героски
Светот да му помогне на Охрид
Можеме колку што сакаме да го навредуваме охридскиот градоначалник Александар Петревски, кој ги повикува соседите да му помогнат на Охрид. Петревски треба да одржи меѓународна прес-конференција, можеби дури и во Брисел, за да упати апел светот да му помогне на нашиот најубав град. Охрид не е и не може да биде прчија на Груевски. Овој град е дел од светското културно наследство и му припаѓа на светот. Треба човек да биде слеп при очи за да не види дека нашиот најубав град, лулката на нашата духовност, веќе подолго време е оставен во немилост на централната власт. Летово, поради се уште неказнета неодговорност на властите, во Охрид ни се исподавија бугарски туристи. Зимава, поради неодговорност на властите, охридското крајбрежје е поплавено.
По се, јас навистина не ги разбирам охриѓани. Ја сфаќам љубовта кон партиите и кон вождовите, но не сфаќам како, бре, не го креваат гласот во одбрана на својот град? Што чекаат, чамци да им шетаат по улици?
Последни 10 острилки:
- Копуци, оставете го Митрев да работи!
10:00 | 11.03.2010 - Банда без команда
10:00 | 10.03.2010 - Патријархат, ами како?!
10:00 | 09.03.2010 - Антикризни мерки
10:00 | 08.03.2010 - Никој како Грујо и Сузана Манчиќ!
10:00 | 06.03.2010 - Амди Бајрам е во право!
10:00 | 05.03.2010 - Вмровските бегови
10:00 | 04.03.2010 - Неселективна правда
10:00 | 03.03.2010 - Фекалии нека се, од ВМРО да се!
10:00 | 02.03.2010 - Багери за „Скопје 2014“!
10:00 | 01.03.2010