» Најкоментирани од последната недела:
09:00 | 28.07.2010 |
Автор: Бранко Героски
Тешко им било на лиглињата
Читам наслови во веснициве, да не знае човек дали да се смее или да плаче. Беше тешко, ама преживеавме. Ова беа најтешките две години за Македонија! Не сакаме ни да помислиме што ќе се случеше некој друг да беше на власт.
Па, па, па… Добро бе, вмровчиња, зарем навистина мислите дека чавките мозокот ни го испиле, па никој во оваа земја не се сеќава што се случуваше во овие две децении?
Македонија се осамостои со девизни резерви колку што денес вашиот премиер троши за една владина кампања. А вие наследивте полна каса и ја спискавте до последна пара. Оваа земја преживеа грчко ембарго, капка бензин немавме. А вие се жалите на притисоци од Грција. Имавме војна, а вие кукате дека не сте можеле да затворите неколку спорни прашања со Албанците. Имавме атентат, па никој не ја суспендираше демократијата, како што вие тоа сега го правите.
Имавме триста зафрканции во овие две децении, а вам овие две години ви биле најтешки. Толку тешки, што одвај сте преживеале. Море марш таму, лиглиња едни! Не сакам ни да помислам што ќе се случи доколку вие останете на власт!
Последни 10 острилки:
- Грујо како Фидел Кастро
09:00 | 06.09.2010 - Нацијата во шок
09:00 | 03.09.2010 - Каков таков дијалог
09:00 | 02.09.2010 - Уметникот со пурата
09:00 | 31.08.2010 - Поединци низаедни!
09:00 | 27.08.2010 - Каква комисија, толку пари
09:00 | 26.08.2010 - Дорис, одувек је срцу памет била непозната!
09:00 | 25.08.2010 - Добро утро, професоре Мирчев!
09:00 | 24.08.2010 - Срќко може да ги сонува моите тиражи!
09:00 | 23.08.2010 - Скарани со логиката
09:00 | 21.08.2010