» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
09:00 | 07.06.2010 |
Автор: Бранко Героски
Велекорупција
Владата нема трајно да вработи 30.000 привремено ангажирани лица во администрацијата, туку „само“ 5.000. Ова го тврди премиерот Никола Груевски и уште додава дека оваа работа мора да се заврши по налог на Брисел. Е, тоа веќе е некаква утеха. Брисел, нормално, мора да се слуша. Не мора за името, за Рамковниот договор и за слични дребулии, но мора кога станува збор за удомување на армија млади луѓе, главно партиски војници на Груевски, на државни јасли.
Тие, откако ќе добијат вработување и ќе ја примат првата септемвриска плата, на добрината, нормално, ќе возвратат со – гласање. Тие и нивните најблиски. А што ќе рече на тоа Брисел?
Ништо. Кај нас купувањето гласови со државни вработувања, во време на тешка криза и сеопшта беспарица, се смета за нормална работа. Ние, по обичај, ловиме корупција на ситно. Велекорупцијата е фактор на стабилноста на Македонија.
Последни 10 острилки:
- На 5 јуни мора да ги надмудриме
09:00 | 22.04.2011 - Зафировски не сака да се меша во својата работа
09:00 | 13.04.2011 - Две Македонии
09:00 | 11.04.2011 - Да не се заборави
09:00 | 05.04.2011 - Ах, тие мангупи!
09:00 | 04.04.2011 - Удар под појас
09:00 | 28.03.2011 - Совест напикана во шише
09:00 | 21.03.2011 - Васко Наумовски го лаже Европскиот парламент
09:00 | 18.03.2011 - Да се знае кој е газда
09:00 | 17.03.2011 - Една грешка, мака тешка
09:00 | 16.03.2011