Шпиц

„Фиат“ ги затвори фабриките во Италија

13:45 | 24.02.2010 | Автор: МИА

Италијанскиот производител на автомобили „Фиат“ привремено ги затвори сите свои фабрики во Италија поради големото намалување на побарувачката.
На десетици илјади работници во пет фабрики им е соопштено да останат дома и да примаат намалена плата во текот на следните две недели.
Продажбата на нови возила во јануари двојно се намали во споредба со истиот период минатата година. До ова доаѓа по одлуката на Владата да го прекине субвенционирањето на програмата за замена на стари за нови возила. Експертите проценуваат дека тоа ќе резултира со продажба на 350.000 возила помалку во текот на оваа година во Италија, а повеќето од тие автомобили би биле со знакот на „Фиат“.
© spic.com.mk | Сите права се задржани.