Шпиц

Шеесетти роденден на кредитната картичка

21:15 | 08.02.2010 | Автор: МИА

Њујорк, 8 февруари - Кредитната картичка, која е се попопуларно средство за плаќање во светот, денеска слави 60-ти роденден.

На денешен ден, 8 февруари 1950 година, американскиот бизнисмен Фран Макнамара ја пушти во оптек првата кредитна картичка, направена од картон, со натпис „Дајнерс клуб“.

Со изумот на кредитната картичка е создадена и култура на долгови или постојан минус на личната сметка.

По „Дајнерс“, следело основање на „Америкен експрес во 1958 година, потоа „Мастеркард“ во 1966 година, а како последна од светски познатите картички е „Виза“ во 1977 година.

Во поранешна СФРЈ кредитните картички пристигнале во 1969 година со потпишување на франшизен договор.

Според најновите податоци, кредитните картички ширум светот се употребуваат дури 25 пати во секунда.
© spic.com.mk | Сите права се задржани.