Шпиц

Бугарија ќе бара отштета од Грција поради блокадите

14:00 | 21.01.2010 | Автор: Шпиц

Бу­га­ри­ја ја по­ви­ка Европ­ска­та ко­ми­си­ја да пре­зе­ме ит­ни че­ко­ри и да ја на­те­ра Гр­ци­ја да ја пре­ки­не бло­ка­да­та на гра­ни­ца­та. Бу­гар­ски­от пре­ми­ер Бој­ко Бо­ри­сов из­ја­ви де­ка Со­фи­ја ќе по­ба­ра 10 ми­ли­о­ни евра ком­пен­за­ци­ја за да ги по­крие тро­шо­ци­те од бло­ка­да­та од стра­на на грч­ки­те фар­ме­ри, ко­ја трае ве­ќе ед­на не­де­ла. Бри­сел во те­кот на вче­раш­ни­от ден нај­а­ви де­ка ќе по­ба­ра од вла­да­та во Ати­на да ги пре­ки­не про­те­сти­те на зем­јо­дел­ци­те и да го ос­ло­бо­ди дви­же­ње­то на лу­ѓе и сто­ки пре­ку гра­ни­ца­та со Бу­га­ри­ја.

Бо­ри­сов, исто та­ка, им ре­че на но­ви­на­ри­те де­ка по­те­гот на грч­ки­те фар­ме­ри да ја бло­ки­ра­ат гра­ни­ца­та кон Бу­га­ри­ја прет­ста­ву­ва „пре­се­дан“, тоа што е за­тво­ре­на ед­на гра­ни­ца на Европ­ска­та уни­ја. Бу­гар­ски­от пре­ми­ер се по­жа­ли де­ка грч­ки­те вла­сти не ги пре­зе­ма­ат не­оп­ход­ни­те че­ко­ри за да ги от­стра­нат бло­ка­ди­те и да оси­гу­ра­ат сло­бо­ден про­тек на до­бра и сто­ки вна­тре ме­ѓу член­ки­те на Уни­ја­та. Грч­ки­те фар­ме­ри ги бло­ки­раа глав­ни­те ма­ги­стра­ли во Гр­ци­ја и гра­нич­ни­те пре­ми­ни кон Бу­га­ри­ја и Ма­ке­до­ни­ја, со цел да из­вр­шат при­ти­сок врз вла­да­та ит­но да ги исп­ла­ти суб­вен­ци­и­те за зем­јо­дел­ци­те. Про­те­стот на грч­ки­те фар­ме­ри поч­на на 15 ја­ну­а­ри, но се ин­тен­зи­ви­ра од по­че­то­кот на оваа не­де­ла.
© spic.com.mk | Сите права се задржани.