Bројот на милијардери во Русија, зголемен за 50 отсто
09:30 | 11.02.2010 | Автор: МИА
Русија се уште не ја надмина економската криза, но и покрај тоа вкупниот капитал на првите десет милијардери во земјата е речиси двојно зголемен на 139,3 милијарди долари од минатогодишните 75,9 милијарди, наведува руското списание „Финанс“.
Весникот наведува дека имотот на десетте најбогати жители на Русија се уште не го достигнал преткризното ниво од 221 милијарди долари.
Бројот на доларските милијардери во Русија минатата година е зголемен за 50 отсто, односно на 77, додека година дена претходно во земјата имаше 49 луѓе со богатство од над милијарда долари. За разлика од тоа во 2007 имаше дури 101 милијардер.
Иако не се сооопштува личноста која е на првата позиција весникот наведува дека меѓу тројцата најбогати Руси и понатаму е поранешниот гувернер на Чукотка Роман Абрамович, во Европа познат како сопственик на фудбалскиот клуб „Челзи“.
Минатата година за најбогат Рус беше проглсен сопственикот на компанијата „Онексим“ Михаил Прохоров, со имот од 14,1 милијарда долари, додека Абрамович со капитал од 13,9 милијарди беше на второто место.