Царинска стапка од 5% за сите возила
13:15 | 12.03.2010 | Автор: e-reporter
Иста царинска давачка од пет отсто ќе се плаќа и за новите и за половните автомобили, одлучи денеска македонското Собрание.
Пратениците претпладнево едногласно ги усвоија измените на Законот за царинска тарифа.
Од владеачката коалиција оценија дека изедначувањето на царинските давчки треба да ја стимулира продажбата на нови возила и да овозможи да се обнови возниот парк во државата.
Собраниетопред два дена ги изгласа измените на Законот за акцизи, со кои пресметката на акцизите ќе се врши врз основа на вредноста на возилото, наместо како досега според зафатнината на моторот.
Автомобилите до 3.000 евра ќе бидат ослободени од акциза, а над тој износ стапката на акциза се пресметува во зависност од вредноста на автомобилот. Од 3.000 до 4.000 евра стапката е 0,5 отсто, од 4.000 до 5.000 евра 1 отсто, .... од 14.000 до 16.000 шест отсто...